Насловна / Вести / Почна поставувањето и на третата галија на Вардар

Почна поставувањето и на третата галија на Вардар

rsz_гали
Почна расчистувањето и подготвувањето на теренот за третата галија, која ќе биде лоцирана спроти Археолошкиот музеј, помеѓу мостот „Око“ и Мостот на уметноста. Овој туристичко-угостителски брод, за разлика од другите два, кои се замислени само како ресторани, ќе има и дел што ќе функционира како хотел.

Тој ќе поседува и систем на хидраулика што ќе го крева и ќе го спушта објектот во зависност од водостојот на реката. Бродот ќе биде долг 35 метри, а широк 15 м. Хотелскиот дел ќе содржи 16 соби и два апартмани.
Над палубата ќе се издигне триесет и петметарски јарбол на кој ќе се вее знаме. Иако целата конструкција на објектот ќе биде метална, таа однадвор ќе биде обложена со дрво.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top