Насловна / Вести / Србија ги модернизира топланите: „Почисто“ греење за 11 градови

Србија ги модернизира топланите: „Почисто“ греење за 11 градови

Благодарение на поголемото користење на обновливи извори на енергија во производството на топлинска енергија за греење, граѓаните во 11 градови во Србија ќе добијат „почисто“ греење. Станува збор за проект кој се реализира во соработка со ЕБОР, а кој опфаќа производство на 197 GWh годишно топлинска енергија од обновливи извори во градовите опфатени со проектот.

greenje1

Вредноста на проектот е 40,5 милиони евра, а ги опфаќа следните градови: Бечеј, Богатиќ, Врбас, Крагујевац, Крушевац, Ниш, Нови Пазар, Панчево и Параќин. Во присуство на Делегацијата на ЕУ во Србија, во Крагујевац потпишани се Меморандуми за разбирање помеѓу Министерството за рударство и енергетика, ЕБОР, швајцарскиот Државен секретаријат за економија, како и градовите учесници во проектот. Притоа, ЕБОР доделува кредит од 30 милиони евра, а Швајцарија и ЕУ заедно обезбедуваат грант од вкупно 7,5 милиони евра. Рокот за реализација ан сите проектни активности е 4 години.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top