Насловна / Вести / На повидок пресврт во климатските политики – Данска прва во светот превзема одговорност за штетите од климатските промени

На повидок пресврт во климатските политики – Данска прва во светот превзема одговорност за штетите од климатските промени

Данска е првата земја од листата на историски големи емитери – загадувачи, која ветува дека ќе одвои средства за земјите во развој за загубите и штетите предизвикани од климатските промени. Оваа држава ќе извои околу 13 милиони долари за помош на најзагрозените региони и земји, во склоп на финансискиот механизам наречен „загуба и штета“ (Loss and damage). Овој инструмент исто така го покренува и прашањето на историската одговорност ан земјите кои имаат направено најголема климатска штета, односно предизвикале кумулативна акумулација на стакленички гасови.  На тој начин во глобалната расправа помеѓу светските лидери се поставува и прашањето на своевидна финансиска компензација за загубата и штетата поради климатските промени.

lossanddamage1

Според најавите, овој механизам ќе биде на агендата и на наредниот состанок на светските лидери за климатските промени, во ноември во Египет (COP27). Терминот „загуба и штета“ се користи во преговорите на ОН за климата и се однесува на последиците од климатските промени кои ја надминуваат рамката во која е можно прилагодување. Или, во друг случај, кога опции за прилагодување постојат, но заедницата нема пристап до потребните ресурси и не може да ги користи.  Се смета дека загубата и штетата е резултат на екстремни временски настани како што се урагани, суши и топлински браови, но секако и промени кои се случуваат побавно, како на пример дезертификација и деградација на земјиштето, топење на глечери и сл.

lossanddamage2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top