Насловна / Вести / SpaceX постави нов рекорд со мисијата Crew-1

SpaceX постави нов рекорд со мисијата Crew-1

Компанијата SpaceX со својата мисија Crew-1, постави нов рекорд кога станува збор за должина на мисија на едно американско вселенско летало. Американската вселенска агенција (NASA) потврди дека мисијата Crew-1, чиј екипаж неодамна се врати од Меѓународната вселенска станица (ISS), постави нов рекорд, бидејќи капсулата Resilience беше во орбитата 168 дена. Претходниот рекорд е од февруари 1974 година, поставен од страна на екипажот на Skylab, чија мисија траела 84 дена. Од NASA истакнуваат дека истовремено станува збор за прво ноќно слетување на американско вселенско летало, после она на Apollo 8 во декември 1968 година. Постигнувањето не е неочекувано, со оглед дека екипажот на Crew-1 на ISS требаше да помине шест месеци, изведувајќи таму разни експерименти.

crew1

Мисијата на Crew-2, која започна неодамна, треба да трае исто толку долго. Во секој случај, неодамна завршената мисија е значајна пресвртница и покажува во колкава мера еволуирале вселенските летови за половина век, но уште повеќе е доказ за успешноста на приватните вселенски летала (SpaceX е компанија во сопственост на Илон Маск) во совладување на големи предизвици.

crew2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top