Насловна / Вести / Косово: Jaha Solar ќе го инсталира најголемиот кровен фотоволтаичен систем во регионот

Косово: Jaha Solar ќе го инсталира најголемиот кровен фотоволтаичен систем во регионот

Сопственикот на малопродажни објекти и производител на млечни производи Abi од Призрен, потпиша договор со компанијата Jaha Solar за изградба на кровна фотоволтаична електрана со инсталирана моќност од 2,13MWp. Станува збор за најголем погон од овој вид во Косово и во регионот. Договорот опфаќа проектирање, испорака и монтажа на фотоволтаичниот систем. Jaha Solar e домашна компанија која е формирана во 2016 година, произведува соларни панели, a досега проектирала и изградила фотоволтаични системи чија вкупна моќност надминува 10MW.

jaha1

jaha2

Испрати коментар

Scroll To Top