Насловна / Вести / Соработка помеѓу Србија и БиХ на инфраструктурно поврзување

Соработка помеѓу Србија и БиХ на инфраструктурно поврзување

Со цел подобрување на инфраструктурните врски помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, неодамна е одржан состанок фокусиран на низа клучни проекти кои ќе ја обликуваат иднината на регионалната интеграција и рзвој. Еден од проектите кој е планиран е обнова на пругата Белград – Сараево. Покрај овој проект, презентирани се и амбициозни планови за изградба и реконструкција на важни делници од автопатиштата кои би требало да го олеснат прекуграничниот сообраќај, трговијата, а со самото тоа и економската соработка.

1_34

Откако ќе се доврши автопатот Белград – Пожега, што е планирано за крајот на септември оваа година, фокусот ќе биде на изградбата на нови патни правци, односно врски со БиХ и со Црна Гора. Постојат и планови за реконструкција и модернизација на клучните мостови на Дрина кои ги спојуваат двете земји. Освен во областа на инфраструктурните проекти, се планира и модернизација и дигитализација на граничните премини, првенствено со цел овозможување на поефикасен и побрз транспорт на стоки.

1_35

 

Испрати коментар

Scroll To Top