Насловна / Вести / Редукција на индустријата покрај крајбрежјето, во Лос Анџелес

Редукција на индустријата покрај крајбрежјето, во Лос Анџелес

Сасаки е архитектонско биро задолжено за трансформацијата на Wilmington Boardwalk, лоцирана во Сан Педро, Лос Анџелес, САД. Градското јадро продолжи да расте во последниве години поради проширувањето на пристаништето и неговите операции, што доведе до тоа да стане најпрометното пристаниште во Северна Америка и важен извор на економска виталност.

2

3

Новиот проект е продолжение на првата фаза од проектот, Wilmington Waterfront Park, завршен во 2011 година. Студиото беше избрано поради импресивното портфолио на интервенции во областа на инклузивни и отпорни паркови низ целиот свет. Интервенцијата на овој проект е посветена на подобрување на јавниот пристап до брегот за локалната пристанишна заедница и локалните корисници.

Новиот проект за шеталиштето планиран од студиото Сасаки значеше значително намалување на индустриските капацитети на пристаништето преку попристапни и попривлечни човечки размери. Сето ова е постигнато благодарение на четирите стратегии користени при реализација на зафатот, „The Lansing “, „The Bluff “, „Tidal Steps “, „Picnic Pier “.

2

5

4

Новата пешачка патека има иконичен карактер во оваа мрежа на отворени простори за Вилмингтон и претставува прва можност заедницата повторно да се поврзе со патеката. Сасаки го водеше проектот за создавање на заеднички парк во непосредна близина на постојниот центар на заедницата Banning’s Landing, а проектот за имплементација на садниците го заврши Студио-MLA.

Населбата Вилмингтон, некогаш добро поврзана по природната убавина на Тихиот Океан, полека се одвои од брегот со проширувањето на пристаништето во Лос Анџелес, истовремено формирајќи моќна поморска индустрија. Како најфрекфентно пристаниште во Северна Америка и главен извор на економска моќ и развој, пристаништето е посветено на подобрување на јавниот пристап до брегот за локалната пристанишна заедница, со цел да ја прошири својата економска улога на лидер во областа.

Вредноста на интервенцијата за исполнување на оваа обврска беше децидна. Сасаки најпрво соработува со пристаништето Лос Анџелес и неговиот персонал, членовите на заедницата и сите засегнати агенции за да го развие мастер планот, со кој ќе се создаде природен тампон помеѓу операциите на Вилмингтон и пристаништето и ќе ги идентификува начините на еднаков пристап до природните ресурси, првенствено за шпанските жители кои коегзистираат со индустријата. По завршувањето на мастер планот, Сасаки идентификуваше три потенцијални локации за имплементација: Вилмингтон Waterfront Park, Avalon North Streetscape и Wilmington Waterfront Promenade.

8

9

11

Пристаништето го реализираше крајбрежниот мастер план во две главни фази. Првата фаза беше отворена во 2011 година со Wilmington Waterfront Park, со која се трансформираше напуштено место во парк од 30 хектари кој оди паралелно со брегот и обезбедува тампон помеѓу заедницата и операциите на пристаништето. Втората фаза ги поврзува паркот и заедницата со океанот. Новиот зелен развоен коридор ќе ги поврзе Индустрискиот округ и коридорот Авалон со новото шеталиште.

За да го заштити општинскиот парк од влијанијата на пристаништето, Сасаки создаде силен скулпторски релјеф што ја подигнува постојната падина на 4 метри. Високо во падините, шеталиштето Ел Пасео ја обезбедува главната компонента на патеката за пешаци со седење, градини со изложби и заедничка пешачка и велосипедска патека поврзана со крајбрежната патека во Калифорнија.

13

12

Зелените коридори со дрвја ја прошируваат мрежата на паркот надвор од пешачките патеки и меандри, нудејќи различни места за одмор, размислување и гледање на функциите на паркот, вклучувајќи интерактивни фонтани, област за авантури, организирани јавни простори за социјализација и излети во рамките на шумите.

Идното поврзување со копнен мост ќе ги одведе посетителите низ индустриското пристаниште за да стигнат до просторот за пешачење. Величествен влез што се отвора кон панорамскиот поглед на пристаништето во Лос Анџелес од врвот извајаниот релјеф, кој вешто ги сместува бањите и останатите програмкски содржини под земјената купола. Посетителот може да ја премине отворената тревна површина, да се прошета по шеталиштето кое функционира и како сцена и да стигне до место каде што може да седне на терасестата структура од грубо изделкани камења од брилијантен оникс кои се спуштаат да се сретнат со водата, нудејќи непречен поглед над пристаништето.

Испрати коментар

Scroll To Top