Насловна / Вести / Соларната енергија и спортската инфраструктура

Соларната енергија и спортската инфраструктура

Со оглед на потенцијалот кој го имаат бројните објекти и спортски терени за искористување на енергијата од Сонцето, фотоволтаиците се повеќе се интегрираат со спортската инфраструктура, и тоа во различни области. Секако во прв ред тука се стадионите, бидејќи имаат огромни површини на располагање за поставување на фотоволтаици. Еден добар пример за производство и користење на соларната енергија на просторот на некој стадион е комплексот Mercedes-Benz Stadium во Атланта во американската сојузна држава Џорџија. На оваа локација се поставени над 4.000 фотоволтаични модули, а електричната енергија се користи  на самата локација и во најблиската околина. Тука е и Lincoln Financial Field, домот на тимот на Philadelphia Eagles, со 11.000 соларни плочи. И во Велика Британија многу стадиони инвестираат во фотоволтаици. Меѓу нив е Ashton Gate во Бристол, кој има 460 PV панели во заедничка инвестиција со градските власти. Стадионот Emirates на фудбалскиот клуб Арсенал, е прв во премиер лигата кој има 100% снабдување со обновливи извори на енергија.

sportsolar1

Formula E е многу слична на Formulа 1, освен една важна разлика – сите автомобили работат на струја. Formula E е прогласена за најодржлив спорт на светот. Таа организација има еколошка цел да користи исклучиво обновливи извори на енергија на сите свои настани. Затоа, електричната енергија главно се обезбедува од соларна енергија.

sportsolar2

Што се однесува до водните спортови, се разбира дека обезбедување на топлинска енергија од Сонцето за загревање на базените е одржлива варијанта. Тоа особено е исплатливо за големите спортски базени како што се оние со олимписки димензии кои собираат 2,5 милиони литри вода.

sportsolar3

Олимписките игри неретко се критикувани поради својот јаглероден отпечаток, со оглед на комплексноста и масовноста на овие настани. Олимписките игри во Токио во 2020 година наводно 100% обезбедувале енергија од обновливи извори, при што соларната енергија имала значителен удел. Како и да е, организаторите на големите спортски настани се повеќе ќе инвестираат и во иднина во ови технологии, првенствено поради намалување на трошоците за енергија, но секако и поради општествената одговорност и намалување на јаглеродниот отпечаток.

Испрати коментар

Scroll To Top