Насловна / Вести / Shell ја гради најголемата фабрика за зелен водород во Европа

Shell ја гради најголемата фабрика за зелен водород во Европа

Англохоландската нафтена и гасна компанија Shell, планира да ја изгради најголемата фабрика за производство на зелен водород во Европа. Фабриката ќе биде направена во Ротердам и ќе започне да работи во 2025 година. Новата фабрика ќе може да произведе до 60.000 килограми водород дневно.

shell1

За производство ќе биде користена енергија од обновливи извори, поточно од ветерниот парк Holandse Kust, кој во еден дел е исто така сопственост на Shell. Со произведениот водород ќе се снабдува постројката Shell energy and chemical park во Ротердам, каде ќе се замени дел од „сивиот“ водород кој досега се користи во таа рафинерија. Во официјалното соопштение на компанијата Shell се истакнува дека изградбата на фабриката претставува значајна пресвртница и за Холандија и за Shell во областа на зелената економија.

shell2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top