Насловна / Вести / Европа заобиколена, Русите отворија нов транспортен коридор за Индија

Европа заобиколена, Русите отворија нов транспортен коридор за Индија

Иран соопшти дека успешно е завршен првиот транзит на руски товар во Индија преку меѓународниот транзитен коридор „Север-Југ“.

„Товарот тргна од Санкт Петербург на 13 јуни, помина низ пристаништето Анзали на Каспиското море и иранското пристаниште Бандер Абас, пред да пристигне во Индија“, се вели во соопштението на компанијата ИРИСЛ.

Меѓународниот транспортен коридор „Север-Југ“ е мултимодална транспортна мрежа на поморски, железнички и патен транспорт меѓу Русија и Индија, со транспортен и претоварен центар во Иран.

Должината на новиот транспортен коридор е 7.200 километри.

ррр_resize

Ги поврзува Мумбај, Бандар Абас, Баку, Бандар Анзели, Астрахан, Москва, не е предмет на санкции наметнати против Русија и Иран и не е под влијание на западните земји.

Долгорочно, коридорот може да стане алтернатива на традиционалните рути низ Суецкиот канал, Средоземното море и Босфорот.

Според индиските владини претставници, овој коридор може да го намали времето и трошоците за испорака за 30-40 отсто. Многу е пократок од сегашната рута што минува низ Суецкиот канал и Средоземното море.

На стоката што се транспортира преку Суецкиот канал и требаат 45-60 дена за да стигне до Европа, во споредба со 25-30 дена на ИНСТЦ.

Потенцијалот на овој коридор ќе биде многукратен за Индија доколку дополнително се поврзе со земјите од Југоисточна Азија. Ова исто така може да ја поттикне трговијата меѓу Европа и Југоисточна Азија.

Висок функционер на индиската влада, кој побара анонимност, рече дека Индија во моментов зависи од морскиот пат преку Ротердам до Санкт Петербург. За да стигнат до Централна Азија, стоката мора да се транспортира преку Кина, Европа или Иран.

Испрати коментар

Scroll To Top