Насловна / Архитектура / Констракта доби награда од Друштвото на архитекти на Белград (ВИДЕО)

Констракта доби награда од Друштвото на архитекти на Белград (ВИДЕО)

Уметницата и дипломиран архитект Ана Ѓуриќ Констракта доби специјална награда од Друштвото на архитекти на Белград – „Награда за архитектонски настан на годината 2022“.

1_resize

Констракта лично ја прими наградата и се заблагодари на затворањето на 17. Белградска меѓународна недела на архитектура (БИНА) во Уметничката галерија на Културниот центар на Белград, соопштија организаторите на настанот.

2_resize

Автентична творечка личност

Претседателот на Друштвото на архитекти на Белград, Иван Рашковиќ, истакна дека доделиле „почесно признание на личност која со своето делување и уметничка работа, промислува  теми како што се современост, критичност и одговорност, кои се иманентни и во архитектурата“.

3_resize

Според неговите зборови, Конструкта е „автентична творечка личност која има архитектонски погледи и индиректно препорачува архитектонска култура“.

„Признанието доделено на оваа личност зборува и за профилот и карактерот на наградата. Со ова признание и се заблагодаруваме на придонесот и креативно размислување и инспирацијата за автентично делување“, изјави Рашковиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top