Насловна / Вести / Се продабочува поделбата во ЕУ, во врска со нуклеарната енергетика

Се продабочува поделбата во ЕУ, во врска со нуклеарната енергетика

Местото на Германија како лидер на европското антикунклеарно лоби, е дополнително зацврстено откако канцеларот Олаф Шолц уште еднаш го потврди ставот дека за нуклеарната енергија нема простор во енергетскиот микс на земјата, додека од друга страна Италија има намера да ја забра својата интеграција на нуклеарната енергија со цел да ги намали трошоците и да ја спаси економијата. Генерално, за некои земји оваа технологија е вистинскиот избор, додека други сметаат дека истата носи поголем ризик отколку добивка. Вклучувањето ан нуклераната енергија во Уредбата за таксономија на Европската комисија како зелен извор на енергија, дополнително ги продлабочи поделбите по ова прашање ширум ЕУ.

nuclearpower1

Инвазијата на Украина, настојувањата да се замени рускиот гас со други алтернативи, потребата да се контролираат растечките трошоци за енергија и големите амбиции во смисла на постепеното укинување на фосилните горива, поттикнаа многу земји да ги преиспитаат своите позиции, или во некои случаи да направат драстичен пресврт. Но, Германија не е меѓу нив. Последните германски нуклеарни електрани се затворени во април 2023, после долг и внимателно планиран процес на нивно постепено зтаворање започнат во 2000 година. Сепак, различните ставови во однос на нуклеарната енергија, доведоа до сериозни тензии во рамките на владеачката коалиција, посебно помеѓу FDP и „зелените“.

nuclearpower2

Но, во Италија работите би можеле да тргнат во спротивна насока. Заменикот премиер Матео Салвини неодамна најави делка земјата има намера да го забрза развојот во овој сектор. Италија ан референдум во 1987 година и кажа „не“ на оваа технологија, но властите сметаат дека референдумот не воведува никаква забрана, ниту пак е потребно повторно гласање во врска со оваа одлука. Нуклеарната енергија има широка поддршка кај сите партии од десниот центар во оваа земја.

nuclearpower3

Австрија е против нуклеарната енергија, а во ноември 2022 година поднесе и тужба против Европската комисија поради доделувањето на зелена ознака на нуклеарната енергија во споменатата таксономија. Франција од своја страна, смета дека „би била историска грешка доколку се успорат инвестициите во нуклеарната енергија во Европа, посебно доколку тоа значи фаворизирање на јагленот“. Белгија неодамна го зпаре започнатиот процес на постепено укинување на нуклеарната енергија, планирано да заврши до 2025 година, поради новонастанатите геополитички ризици. Имено, Белгија одлучи да го одложи затворањето на два реактори за 10 години. И во други земји од ЕУ каде постои оваа технологија, владите не покажуваат знаци дека планираат повлекување. На пример, Бугарија, Чешка, Словачка, Словенија и Хрватска имаат активни нуклеарни ректори, а тамошните влади главно не размислуваат за затворање, туку за проширување на капацитетите. Шпанија и Потрогалија се цврсто против нуклеарната енергија, иако можеби новата влада во Мадрид ќе се одлучи за продолжување на работењето на нуклеарните електрани во земјата. во земјите кои не се членки на ЕУ, треба да се истакне дека Албанија сериозно смета на соработка со Италија во развојот на нуклеарната енергетика, но засега без цврсти планови.

nuclearpower4

 

Испрати коментар

Scroll To Top