Насловна / Вести / Шестмина млади ја покренаа најголемата климатска парница во историјата

Шестмина млади ја покренаа најголемата климатска парница во историјата

Шест малди луѓе се подготвуваат да се појават пред Европскиот суд за човекови права, со цел поради загрозување на човековите права да принудат 32 европски земји забрзано да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Тоа ќе биде досега најголема тужба во врска со климатските промени во светот. Шестмината тужители од Португалија на возраст од 11 до 24 години, изјавиле дека биле поттикнати на овој чекор од шумските пожари кои ја зафатија Португалија во 2017 година. Тогаш страдаа 66 луѓе и уништени се 20.000 хектари шума.

trial1

И ова лето беше одбележено од шумски пожари, во Португалија, Шпанија, Грција, Хрватска и Италија. На крајот на септември младите пред Евроопскиот суд за човекови права ќе ја застапуваат тезата дека борбата против климатските промени на 32-те европски земји е неадекватна, и дека државите ги кршат своите обврски во поглед на човековите права. Тие бараат обврзувачка пресуда со цел да ги принудат земјите брзо да ги намалат емисиите на стакленички гасови, што би била историска пресвртница во климатските парници. Интересно е дека средтсвата потребни за покренување на постапката, тие ги добиле од луѓето ширум светот, така што преку crowdfunding кампања биле собрани над 100.000 фунти. Младите тужители истакнуваат дека веќе се чувствуваат сериозни последици од климатските промени, особено с епочестите топлотни бранови, кои го ограничуваат секојдневниот живот, но значително влијаат и врз здравствената состојба. Тужбата е поднесена против 27 земји членки на ЕУ, како и Норвешка, Русија, Швајцарија, Велика Британија и Турција.

trial2

 

Испрати коментар

Scroll To Top