Насловна / Вести / Романија: Стратегија за декарбонизација на гасната мрежа

Романија: Стратегија за декарбонизација на гасната мрежа

Европската инвестициска банка (EIB) и романскиот оператор на системот за пренос на природен гас Transgaz, потпишаа спогодба за пружање советодавни услуги за подготовка и развој на Стратегија за декарбонизација на романската гасна мрежа. Тоа е битен исчекор за Романија, во однос на нејзините цели за премин кон зелена економија, а истовремено отвора пат и за дејствување на другите државни компании и институции. Од EIB потенцираат дека проектите од овој тип се правовремени со оглед на актуелниот геополитички контекст.

transgaz1

Инаку, Стратегијата за декарбонизација ќе вклучува мерки кои ќе помогнат во намалувањето на емисиите во рамките на гасната мрежа, како и создавање на услови за адаптација и ублажување на климатските ризици, истакнувајќи ги потребите од неопходни вложувања и предлагање на соодветни извори на финансирање.

transgaz2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top