Насловна / Архитектура / Брановиден бетонски кров инспириран од процесот на производство на стакло

Брановиден бетонски кров инспириран од процесот на производство на стакло

Архитектонската фирма SO-IL со седиште во Њујорк и студиото FREAKS во Париз неодамна ја спроведоа реализацијата на културниот центар Site Verrier во Мајсентал, мал град во североисточна Франција.

© Iwan Baan

Јавно финансираниот проект е всушност реновирање и проширување на историска фабрика за стакло – која датира од 18 век, скриена меѓу пејзажите од разгледниците на природниот парк Северен Восгес.

Во постоечкиот објект се сместени три независни институции. Музејот на стаклото (Musée du Verre et du Cristal) стои како жив спомен на богатата историја на производство на стакло на тоа место, пишува DesignBoom.

beton1

CIAV (Center International d’Art Verrier) е меѓународен уметнички центар за стакло, каде традиционалната изработка се среќава со современите практики.

Cadhame (Halle Verriere) е мултидисциплинарен културен простор каде што се одржуваат уметнички инсталации, настани и концерти.

Спроведената интервенција ги обединува овие три програми, со цел да се дефинира модерен идентитет кој го слави неговото индустриско наследство.

beton2

Тимот архитекти го проектирале Site Verrier како структура со брановидна бетонска површина, која се излева на самото место, потсетувајќи на процесот на производство на стакло, а во исто време ги обединува просториите под неговата површина.

Оваа површина функционира и како покрив и таван, но и како ѕид, обединувајќи ги просториите на три различни институции, а во исто време формирајќи и врамувајќи јавен плоштад.

Секундарните програми се внимателно организирани над и под оваа област, вклучувајќи канцелариски простор, работилници, кафуле и ресторан.

beton3

Проектот ги проширил и функциите на постојните згради. Преку новата влезна зона отворена е фабричката хала и воспоставена е активност на досега неискористеното подземно ниво.

Театарот со 500 седишта сега може да се реконфигурира како простор со 700 седишта, па дури и целосно да се отвори како концертна сала за три илјади луѓе.

beton4

Овој нов јавен градски простор ја подига свеста на граѓаните за ова историско место, а во исто време нуди многу флексибилно место за организирање театарски претстави на отворено, концерти или разни сезонски настани.

beton5

Испрати коментар

Scroll To Top