Насловна / Вести / Рекордна година за ветерните електрани на вода – инсталирани 21,1GW нови капацитети

Рекордна година за ветерните електрани на вода – инсталирани 21,1GW нови капацитети

Во најновиот извештај на Global Wind Energy Council (GWEC), под името Global Offshore Wind Report 2022, се истакнува дека државите ширум светот поставуваат се поамбициозни цели по прашањето на ветерните електрани на вода (офшор), и дека тоа би можело да означува „нова ера на драматичен раст“, која ќе резултира во нови годишни рекорди почнувајќи од 2025 година. GWEC поради овие амбициозни цели ја подигнал својата проекција за 2030 година за 16.7%, на 316 GW инсталирани капацитети во ветерните елктрани на вода. Годишниот раст на капацитетите на ветерните електрани на вода би можел да се удвои во 2031 година споредено со 2021 година, достигнувајќи 54.9 GW, се вели во извештајот. Во моментот, во светот се градат 23 GW во ветерни електрани на море, а во тоа предничи Европа, со удел од 49.5%, пред Азија, со удел од 46.6%. Меѓутоа, GWEC  во својот извештај предвидува дека Азија од Европа ќе ја превземе титулата на најголем пазар за енергија од офшор ветерни електрани, веќе до крајот на 2022 година, како и дека Европа не ќе може да се врати на првото место пред 2031 година.

gwec1

Што се однесува до поединечните земји, Кина е во моментот најактивен пазар, со 7,8 GW вакви електрани во моментот во изградба. Минатата година, Кина (четврта година по ред) имала најголем удел во нови капацитети, дури 80%. Втор најголем градител на офшор електрани е Велика Британија со 5,6 GW во изградба, а следуваат Холандија со 2,3 GW, Тајван со 2,1 GW, Франција со 1,4 GW и Германија со 1.1 GW, истакнува GWEC. Извештајот на GWEC нотира дека во моментот во светот постојат над  700 GW во проекти за офшор ветерни електрани во различни фази на развој.

gwec2

 

Испрати коментар

Scroll To Top