Насловна / Архитектура / Неверојатно е чувството да се живее во куќа на Валтер Гропиус (ВИДЕО)

Неверојатно е чувството да се живее во куќа на Валтер Гропиус (ВИДЕО)

Мартин Фишер е професор по зоологија, а Барбара Хапе е културолог. Во брак се од 1987 година и живеат и работат во Јена, Германија. Како големи љубители на архитектура и уметност во 1994 година купиле куќа која ја проектирал Валтер Гропиус. Од шесте семејни куќи што Гропиус ги изградил во Германија тие се исклучително горди што поседуваат една, Auerbach House во близна на универзитетот во градот.

1

Куќата е изградена во 1924 година, го претставува модуларниот систем што го развивал Гропиус, кој го третира објектот како да е тродимензионална композиција направена од волумени кои меѓусебно продираат или „Baukasten im Grossen“ (Голем конструктивен комплет), како што ги нарекувал. Двокатен волумен кој ги содржи главните станбени простори се испреплетува со повисока структура во која се наоѓаат услужните функции, со асиметрично поместување меѓу нив.

6

„Валтер Гропиус изградил само шест семејни куќи во Германија. Неизмерно сме благодарни што поседуваме една од нив. Кога во 1994 година ја купивме куќата, беше целосна руинирана, а градината беше вистинска дивина. Моравме многу да вложиме за да ја вратиме во првобитна состојба. Одвоивме време темелно да ја истражиме нејзината историја, прелистувајќи книги и архиви. Кои бои се користеле? Како била наместена? Секогаш сметавме дека куќата како целина е уметничко дело кое треба повторно да се открие. Тоа е она што го правиме веќе 28 години“, вели брачниот пар.

4

„Гропиус го сметал Баухаус повеќе од само стил – повеќе како начин на размислување. Тој ја гледал вродената убавина во сите овие работи. Верувал дека темелите на дизајнот лежат во јасноста и хармоничните линии со откажување од страни предмети како што се собните растенија. Во нашата куќа нема завеси. Низ прозорците можете да ја видите внатрешноста.

2

Во нашата спална соба има кревет со две наткасни десно и лево од него и нема друг мебел. Строгоста на мебелот не е за сечиј вкус, но ние тоа го сметаме за многу елегантно. Убавината е во практичноста. Дијалогот помеѓу функцијата и дизајнот на секојдневните предмети – а тоа особено го вклучува мебелот – тоа е она за што се работи. Дизајнот мора да биде безвременски, функцијата мора да биде со висок квалитет – само тогаш мебелот може грациозно да старее“, раскажува брачниот пар со многу љубов и разбирање за својот дом.

3

„Неверојатно е чувството да се живее во овој објек, а уште подобро е да се знае дека тој сè уште ќе биде тука за генерациите што доаѓаат. Нас не ни изгледа како музеј и се надеваме дека оваа куќа никогаш нема ни да стане музеј. Изградена е за живот на луѓето“.

7

Испрати коментар

Scroll To Top