Насловна / Вести / Регионална конференција – „Западниот Балкан во пресрет на новите енергетски предизвици“

Регионална конференција – „Западниот Балкан во пресрет на новите енергетски предизвици“

Снабдувањето со енергија од обновливи извори добива се поголемо значење особено во време на енергетскава криза во Европа. Соочувањето со високите цени на нафтата, електричната енергија и гасот, има за псоледица сериозно негативно влијание врз граѓаите и економијата во Европската унија. На состанокот на Европскиот совет одржан на 24-ти и 25-ти март оваа година, соопштено е дека државите членки заедно со Европската комисија ќе работат на заедничко купување на водород и течен природен гас.

serbio1

Регионот на Западен Балкан истовремено минува низ енергетска криза и заедничкиот пристап овозможува полесно финансирање на зелената енергија и напуштање на користењето на јагленот. Петтата по ред инвестициска конференција SEE ENERGY- Connect & Supply на тема „Западен Балкан во пресрет нa новите енергетски предизвици“ ќе биде одржана на 12-ти и 13-ти октомври оваа година во хотелот  Sheraton во Нови Сад.

serbio2

Организаторите, Националната асоцијација за биомаса SERBIO и Европската банка за обнова и развој (EBRD), во текот на дводневниот настан ќе ги претставaт состојбите, моменталните предизвици, како и идните проекти и потенцијални решенија во идната енергетска транзиција во целиот регион на Западен Балкан. Над 40 енергетски стручњаци, претставници на инвеститори и државни институции од Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Албанија, Словенија и други земји, ќе зборуваат за најактуелната тема во моментот – регионалната енергетска ситуација, цените на нафтата, гасот и електричната енергија, презентирајќи решенија, технологии и извори на финансирање. Австрија е овогодишен партнер на конференцијата, па ќе бидат претставени повеќе австриски производители на опрема и компании кои нудат услуги во областа на енергетиката.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top