Насловна / Арт и дизајн / Нennessy претстави единствен коњак по повод 75-годишнината од НБА лигата

Нennessy претстави единствен коњак по повод 75-годишнината од НБА лигата

Hennessy повторно изненадува. Овој пат, брендот го претстави Hennessy Paradis magnum во ново шише за да ја прослави 75-годишнината од НБА лигата, кое е создадено во партнерство со дизајнерот Лоренцо Баумер.

3_resize

Направено да изгледа како автентична кошаркарска топка, шишето е направено од рачно обликуван кристал Baccarat. Може да собере 1,75 литри, па дури има и фасетирана површина што ги нагласува бакарните рефлексии на коњакот внатре.

1_resize

Внатре во луксузното шише се наоѓа класичниот Hennessy Paradis, создаден во 1979 година од Морис Фили. Направен е со комбинирање на најретките видови на коњак што стојат во стари дабови буриња во подрумот Chai Paradis.

2_resize

Пакувањето служи и како кутија за трофеи, со потпишана и нумерирана златна плочка. Внатре има две рачно изработени чаши и посебен златен клуч кој ги отвора и шишето и ковчегот.

6_resize 7_resize

Коњак Paradis x NBA овој викенд прв го проба DJ Khaled на јахта во Мајами. Тој на Инстаграм напиша: „Возбуден сум што ќе бидам првиот човек во светот кој ќе поседува Hennessy Paradis ограничено издание по повод прославата 75-години од НБА лигата. Голем комплимент за брендот Hennessy за неверојатното искуство“.

0_resize

4_resize

5_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top