Насловна / Ентериери / Рај за „гејмерите“ во Тетово

Рај за „гејмерите“ во Тетово

raj za gejmeri vo tetovo (11)

Неодамна во Тетово беше отворен еден од најголемите „гејминг“ центри во Македонија, кој им пружа одлични услви за игра на љубителите на видео игри. Овој простор наменет за деца, млади и возрасни, кои имаат млад дух, футуристички решен со употреба на свежи и весели бои, овозможува целосно влегување во виртуелниот свет, а истовремено и опуштање во комодитетот што може да ни го пружат само нашите домови.

raj za gejmeri vo tetovo (6)
Овој проект е дело на младите тетовски архитекти од студиото „Ателие Артархитект“, кое е составено од Арта Хусеини и Енес Колашинац. Барањата на инвеститорот биле многу прецизни и јасни. Tој сакал да се направи атрактивен простор во кој ќе се смести еден „гејминг клуб“, кој во себе ќе содржи повеќе видови на забава за младите. Во централниот простор се сместени содржините што се наменети за играње на Sony Play Station, и во истиот простор се сместени билјард, фудбалска маса и пикадо. Од овој простор се влегува во просториите во кои се поставени компјутери за играње на компјутерски видео игри.raj za gejmeri vo tetovo (5)
„Идеjата по која се водевме беше да создадеме простор кој на посетителите ќе им го пружи комодитетот на сопствениот дом, простор кој ги обединува повеќето популарни забавни игри, кои се актуелни кај помладата популација, како и простор кој претставува подигање на нивото на уредување на простори од ваков тип. Ова место го замисливме како еден колоритен простор во кој секоја функција ќе си има сопствена боја, и со тоа да направиме јасна дистинкција помеѓу секоја од содржините. Така на пример, просторот за билјард е со црвена боја, собите со компјутери се со зелена боја, додека пак во „ВИП“ собите за видео игри се јавуваат сината и црната боја“, велат од студиото „Ателие Артархитект“ за „Порта 3“.

raj za gejmeri vo tetovo (9)
Главната функција во централниот простор е оформена со поставување на софи и телевизори. Секоја од овие целини создава една сопствена „дневна соба“ во која посетителот има целосен комфор и со часови може да остане тука и да се забавува. Овие целини се обоени во една од трите бои во кои се формираат овие целини, а тие бои се пастелни тонови на сина, зелена и жолта боја. Плафонската обработка е материјализирана така што е создадена една мостра која е мултиплицирана и формира различни полиња. raj za gejmeri vo tetovo (4)

Секое од овие полиња е обоено во една од боите што го материјализираат мебелот во целокупниот простор. Ваквиот плафон му дава на овој простор дополнителна доза на разиграност и футуризам. Оваа мостра се повторува и на ободните ѕидови на просторот, но, овој пат тоа е направено со една доза на смиреност и се употребени само сивата и црната боја. Со ваквиот потег се поставува една смирувачка и апсорбирачка површина која му дава рамнотежа на овој простор. Истото се случува и со подот, кој е целосно сив.raj za gejmeri vo tetovo (2)
Од овој главен простор се влегува во посебни соби во кои се сместени компјутерите наменети за играчите што повеќе се љубители на компјутерските игри. Во овој објект се поставени и две „ВИП“ соби во кои на посетителите им се овозможува уште една екслузивна можност, да се опуштат и целосно да се чувствуваат како дома. Во овие соби се поставени кревети, па така тие можат да играат легнати како во сопствените кревети дома.

raj za gejmeri vo tetovo
Овој простор се простира на површина од приближно 280 м2 и е сместен во подрумското ниво на објектот, додека во приземниот дел на овој клуб е создаден простор за играње карти и следење на спортски натпревари, и тој се простира на површина од 40 м2. Овој „гејминг клуб“ на вкупно 320 м2, дефинитивно им пружа на посетителите совршени услови за забава од ваков тип.raj za gejmeri vo tetovo (8)raj za gejmeri vo tetovo (4) raj za gejmeri vo tetovo (3) raj za gejmeri vo tetovo (5)

Испрати коментар

Scroll To Top