Насловна / Арт и дизајн / Јоџи Јамамото лансира колекција на шалови во чест на хотелот Le MEURICE

Јоџи Јамамото лансира колекција на шалови во чест на хотелот Le MEURICE

jodzi jamamoto (7)

Хотелот Le MEURICE во Париз го слави 180. роденден, а по тој повод познатиот моден дизајнер Јоџи Јамамото лансира ограничена едиција на шалови со неговиот потпис.

jodzi jamamoto (5)

Le Meurice има долга и богата историја, а бројни се славните имиња кои го обележале ова место. Вуди Ален снимал филм тука, Пабло Пикасо ја одржал својата свадбена вечер, а низа години тука живеел Салвадор Дали плаќајќи за своето сместување со скици за мебел и уметнички дела.jodzi jamamoto (6) OLYMPUS DIGITAL CAMERA jodzi jamamoto (4)

Уметничкиот дух на славниот сликар се чувствува во целиот хотел, а тоа е атмосферата што го инспирирала Јамамото за креирање на оваа ограничена колекција на шалови. Цена на шалот е 450 евра, а може да се купат единствено во продавницата на хотелот и во продавниците на брендот Yohji Yamamoto.

jodzi jamamoto (3)

Испрати коментар

Scroll To Top