Насловна / Вести / 16. симпозиум на ДГКМ: Форум за размена на идеи и знаења

16. симпозиум на ДГКМ: Форум за размена на идеи и знаења

POSTER_DGKM_02_2015.cdr

Од 1 до 3 октомври, во Охрид ќе се одржи 16. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2015). Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на современите методи и техники за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој.  Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области.

Темата на симпозиумот е „Современи конструкции – одржлив развој“. Покрај неа ќе се расправа и на теми за Tеориски и експериментални анализи на конструкции; Современи методи за проектирање на конструкции; Eврокодови и национални анекси; Современи техники за изведба на конструкции; Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој; Доверливост, робусност и трајност на конструкциите; Испитување, одржување, зајакнување и санација на конструкции; Асеизмичко проектирање на конструкции; Конструкции отпорни на пожар; Климатски влијанија врз конструкции; Превенција од катастрофи и ублажување на последиците врз градежните објекти; Инфраструктурни објекти и други теми поврзани со градежното конструкторство.

Во рамките на Симпозиумот, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Институтот за стандардизација на РМ и Министерството за Економија  ќе се одржат тркалезни маси на тема „Еврокодови и национални анекси“ и „Градежна регулатива – закони, правилници  и стандарди“.

На Симпозиумот се повикани предавачите: Дубравка Бјеговиќ, професор и шеф на Катедрата за технологија на материјали на Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска; Цветан Георгиев, вонреден професор на Градежниот факултет при Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, Бугарија; Јоже Кочар, секретар во Министерството за економски развој и технологии, Сектор за производи и  стокови резерви, Љубљана, Словенија; Јелена Круз, раководител на Националната лабораторијата за градежништво, Порто, Португалија; Јордан Милев, професор на Градежниот факултет при Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, Бугарија; Марина Трајкова, професор на Градежниот факултет при Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, Бугарија, и Масимо Фрагиакомо, професор на Одделот за градежништво, архитектура и животна средина при Универзитетот во Л’Аквила, Италија.

За подетални информации можете да ја посетите веб страницата на Друштвото на градежни конструктори на Македонија  http://mase.gf.ukim.edu.mk

Испрати коментар

Scroll To Top