Насловна / Вести / Пуштена во погон најголемата пловечка ветерна електрана во светот

Пуштена во погон најголемата пловечка ветерна електрана во светот

Норвешката нафтно-гасна компанија Equinor официјално ја пушти во работа најголемата пловечка ветерна електрана на светот, по петгодишен развој на проектот. Hywind Tampen, чија вредност се проценува на околу 638 милиони евра, исто така ќе биде првата светска ветерна електрана на море која ќе ги снабдува со електрична енергија нафтените и гасни полиња.

хѕњинд1

 

Се очекува ветерната електрана Hywind Tampen, со инсталиран капацитет од 88 MW, да ја намали емисијата на CO2 од клучните производители на нафта и гас во северното море за 200.000 тони годишно. Hywind Tampen се очекува да покрива околу 35% од годишните потреби од електрична енергија на пет платформи – Snorre A и B и Gullfaks A, B и C.  Норвешката влада има за цел до 2040 година да додели локации за изградба на ветерни паркови на море со моќност од 30 GW.

хѕњинд2

 

Испрати коментар

Scroll To Top