Насловна / Вести / Boom наскоро ќе го тестира суперсоничниот авион XB-1

Boom наскоро ќе го тестира суперсоничниот авион XB-1

Компанијата Boom Supersonic го развива XB-1, првиот светски независно развиен суперсоничен авион, и подготвена е за неговото тестирање. Новиот авион ќе ја поддржува ледната геенрација на авијациската технологија како што се „јаглеродните композити и дигитално оптимирана аеродинамика со цел да се овозможи одржливо суперснично патување“.

боом1

XB-1 има импресивни карактеристики и поседува три General Electric J85 мотори. Авионот главно се развивал во Колорадо, но годинава е преместен во вселенската станица во пустината Мохаве во Калифорниија, каде е направено детално тестирање на земја вклучувајќи и движење по писта. Неодамна Федералната администрација за авијација направила детална инспекција на авионот со цел Boom Supersonic да го добие потребниот сертификат. Благодарение на тоа, како и на другите издадени подзволи и сертификати, ќе биде реализиран првиот пробен лет на авионот XB-1 над пустината Мохаве. Локацијата има посебна важност бидејќи станува збор за просторот во кој за прв пат е пробиен звучниот ѕид во авионот Bell X-1. XB-1 всушност ги поставува темелите за Overture, одржлив суперсоничен авион кој ќе користи 100% обновливо авионско гориво и кој ќе може да превезува 65 до 80 патници со брзина од 1,7 Mach. Тоа е двојно поголема брзина во однос на денешните најбрзи патнички авиони. Компаниите American Airlines, United Airlines и Japan Airlines веќе нарачале 130 авиони од овој модел.

боом2

Испрати коментар

Scroll To Top