Насловна / Вести / Првата СМС порака во светот продадена за повеќе од 100.000 евра на аукција во Париз

Првата СМС порака во светот продадена за повеќе од 100.000 евра на аукција во Париз

Инженерот на Водафон, Нил Папворт, испратил СМС од својот компјутер на менаџер во Обединетото Кралство, кој ја добил на неговиот телефон од два килограми „Орбител“ – сличен на дестоп телефон.

Првата СМС порака некогаш испратена со натпис „Среќен Божиќ“ е продадена за 107.000 евра на аукција во Париз.

sms2

Текстот, кој е испратен на 3 декември 1992 година, беше ставен на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон.

Продажбата на нематеријални добра не е легална во Франција, па аукциската куќа ја спакувала СМС пораката во дигитална рамка, на која е прикажан кодот и комуникацискиот протокол.

Купувачот ќе добие реплика на оригиналниот комуникациски протокол со кој е испратена СМС пораката, а приходот ќе оди за Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

sms

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top