Насловна / Фото/Видео / Арт и дизајн (фото) / Прошетка низ подземната Цистерна која го снабдувала со вода Копенхаген

Прошетка низ подземната Цистерна која го снабдувала со вода Копенхаген

Подземниот резервоар кој во 19-тиот век го снабдувала Копенхаген со вода за пиење, денес е уметнички простор. Така современата авангардна уметност на Копенхаген и буквално е underground сцена.

Кога во 1981 година, веќе заборавената цистерна била повторно откриена, прво била користена како изложбен простор за современа уметност од стакло. Денес, просторот функционира како мултимедијален простор за инсталации, под името „Цистерна“. Сталактитите и сталакмитите се природен украс, а температурата се спушта и до 6˚C. Затоа, на посетителите им се советува да носат водоотпорни чевли и облека соодветна за ниски температури.

Од средината на април па до крајот на ноември 2018 година, во „Цистерна“ изложува Јепе Хејн, дански скулптор кој живее во Берлин. Неговата инсталација покрива 4.320 метри квадратни, и нуди бројни предизвици и изненадувања. Поставени се низа ротирачки огледала кои го интензивираат чувството на дезориентација во овој простор. Преку бројни сензори за движење, се активираат различни звуци. Колку е помасовно, толку е подинамична и самата инсталација.

cisterna

cisterna1

cisterna4

cisterna5

cisterna6

cisterna7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top