Насловна / Вести / Полска се свртува кон ветроенергијата

Полска се свртува кон ветроенергијата

Најголемата полска електроенергетска компанија PGE, одлучи да ја напушти својата водечка улога во изградбата на првата полска нуклеарна централа, и наместо тоа да се насочи на изградба на офшор ветерни централи. Притоа, инвестициите во ветроенергетски проекти се проценуваат на 10 милијарди долари, додека местото на PGE во нуклеарниот проект ќе го превземе полскиот нафтен гигант PKN Orlen. Во секој случај, ваков пресврт кај двете компании (електроенергетската кон енергијата од ветерот и нафтената компанија кон нуклеарната енергетика) значи големи промени во полската енергетска стратегија и политика, а воедно и оддалечување од традиционалното производство на електрична енергија од јаглен, како и приближување кон европската стратегија за енергетска транзиција. Истовремено, во Полска се очекува донесување на закон со кој ќе се олесни градењето на ветерни централи. Уште во јануари 2018 година, PGE објави дека има намера да гради ветерни електрични централи со инсталирана моќност од 2,5 GW до 2030. година, а интересот за изградба на ветерни централи на Балтичко море покажува и компанијата Polenergia, како и споменатата PKN Orlen.

wind farm P

wind farmP2

Испрати коментар

Scroll To Top