Насловна / Архитектура / „Спартак“ Москва – гордост на навивачите

„Спартак“ Москва – гордост на навивачите

Московскиот стадион на фудбалскиот клуб „Спартак“, „Откритие Арена“ ќе биде домаќин на пет натпревари од Светскиот куп во 2018 година, помеѓу 18 јуни и 3 јули. И покрај тоа што бил најуспешен тим во историјата на рускиот фудбал, „Спартак“ никогаш немал свој стадион.

6

Во пролетта 2010 година, на брегот на реката Москва на место на поранешниот аеродром во областа Тушино, „Спартак“ започна да гради сопствен стадион кој се отвори во септември 2014 година со мечот помеѓу „Спартак“ Москва и збратимениот клуб од Белград „Црвена ѕвезда“.
Стадионот во почеток беше изграден за 35.000 гледачи, а сега има капацитет од 45.360 места.

13
Дизајнот е економично решение, кое е ефикасно, брзо и лесно изградено.
Обезбедени се голем број ВИП-места и голем број седишта за навивачите на клубот, кои се едни од најфанатичните фанови на светот. Овие места се одвоени од останатите места за седење и јавната циркулација што претставува единствено решение кое овозможува и фантастична навивачка атмосфера.

2
Изгледот на стадионот е прашање на голема гордост на неговите навивачи. Првичниот концепт го направија архитекти на AICOM, но конечната документациј и проектот за фасадата е изработен од тимот на компанијата Dexter Moren Associates. Фасадата ја одразува традицијата и историјата на московскиот фудбалски клуб. Преку 600 гигантски стаклени парчиња во форма на дијамант ја сочинуваат обвивката на фасадата инспирирани од дијамантските знамиња на „Спартак“ со идеја да се реплицира формата на амблемот на клубот.

8
„Дијамантите“ ја следат кривата на објектот во секоја насока, создавајќи севкупен изглед кој евоцира на обоените и текстурни куполи од традиционалната московска архитектура. Обликот ја обвиткува фасадата на стадионот во конзистентна решетка со проѕирни панели. Бојата на фасадата може да се промени во зависност од тоа кој тим игра. За натпреварите на „Спартак“, арената се капе со црвено-бела боја, а кога игра националниот тим се префрла на боите на руското знаме.
Изградбата чинела 430 милиони долари, а главното финансирање е од директорот на клубот Леонид Федун.
Гладијаторската статуа, тракиецот Спартак, симболот на клубот го чува влезот во арената. Карактеристично е и што внатре во арената се поставени статуите на основачите на клубот, браќата Старостин.

11
На стадионот е сместен музеј на клубот Спартак и клупска продавница. Во близина на стадионот пуштена e метро станица и паркинг за 7.500 автомобили. Планирано е да се изградат и две арени за хокеј, тениска академија, спортски центар за спортови на вода, неколку училишта, две детски градинки и станбена населба.

20
„СПАРТАК“ МОСКВА ПРЕКУ БРОЈКИ
• Капацитет од 45.360 места
• Преку 600 гигантски стаклени парчиња во форма
на дијамант ја сочинуваат обвивката на фасадата
• Паркинг за 7.500 автомобили
• Изградбата чинела 430 милиони долари

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top