Насловна / Вести / Промоција на „ТЕОХАРОВ”, наш, македонски бренд за high end аудио опрема

Промоција на „ТЕОХАРОВ”, наш, македонски бренд за high end аудио опрема

На 09. јуни во вечерните часови во Double Tree by Hilton, присуствуваме на промоција на уникатниот македонски бренд за High End аудио опрема „Теохаров”.

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (3)_resize

Иако повеќето присутни беа однапред запознати со значењето и специфичноста на целата приказна, зборовите на последниот говорник Влатко Стефановски, ја дадоа реалната слика кај нас:

Теохаров – винарија од тиквешијата, одлично звучи! Фамилија Теохарови – производител на раноградинарски производи, да секако, познати сме и по тоа! Но, Теохаров – производител на врвна аудио опрема и тоа од Македонија, звучеше чудно на почеток, потоа морав лично да се уверам, а сега веќе сите гледаме дека е реалност и приказната живее

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (108)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (106)_resize

Накратко, како што опишуваат и Теохарови, станува збор за повеќе од 20 годишна посветеност на звукот, трагање по неговата совршеност преку негување на трите основни принципи на компанијата – Наука, Уметност и Музика. Всушност во воведното видување на настанот ова го потврди и Срѓан Јанакиевиќ:

„Имаме спој на модерна акустика и врвни аудио компоненти, претворени во High End аудио систем, кои се одлично спакувани, прецизно вкомпонирани и кои се рачно изработени за да ги задоволат вкусовите на најголемите аудиофили. Овие звучници се и естетски предизвик, визуелно и дизајнерско парче на ниво на умтеничко дело, кое визуелно го збогатува просторот.”

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (50)_resize

Присутните, речиси 150 гости според ограничувањата од Ковид протоколите, ги поздрави и еден од браќата Теохарови:

Создадовме производна програма достојна за почит, потврдена со CE сертификат и усогласена со сите европски регулативи за безбедност и квалитет. До името Теохаров стои ознака R, како симбол за заштитено име и лого во цела Европа. Во позадина веќе се во функција современа веб страна и каталог како соодветни репрезенти на веќе дефинираната личната карта на компанијата.  Ова за нас е заокружување на една развојна фаза, која значи и поставување на цврста основа на патот по кој сакаме да чекориме во иднина”

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (104)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (92)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (51)_resize

Беше најавена и посебна кастом лимитирана серија која ќе биде работена заедно со Влатко Стефановски, истата ќе претставува спој од инженерингот на Теохаров и уметноста на Влатко Стефановски, а ќе го носи и неговиот потпис.

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (112)_resize

На крај, 15-тина минути уживавме во нотите од албумот „Мајчин Јазик”, кои заради протоколите не беа отсвирани во живо, но беа ретко аудио доживување пренесено низ комплетниот систем на Теохаров.

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (62)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (65)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (95)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (15)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (77)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (115)_resize

Audio Kultura - 09.06.2021- photo Stefan Rajhl (116)_resize

Испрати коментар

Scroll To Top