Насловна / Вести / Пристигна првата фотографија во боја од Марс, направена од воздух

Пристигна првата фотографија во боја од Марс, направена од воздух

Малиот хеликоптер Ingenuity, кој во склоп на мисијата Persevirans го направи својот прв и за човештвото историски лет на Марс, продолжува да ги радува научниците.

За време на својот прв лет, кој траеше само 40 секунди, успеа да ја направи и првата фотографија од воздух во боја на површината на Марс и да им ја испрати на научниците.

h2

Во моментот на фотографирање, Ingenuity лебдел на висина од 5,2 метри и се подготвувал да лета напред. Затоа, тој успеа да ги фати својата сенка и трагите на роверот на површината на Марс.

Од НАСА посочуваат дека оваа фотографија покажала колку е потенцијално важен овој начин на преглед на теренот за идните истражувања и мисии, бидејќи им овозможува на научниците полесно да го препознаат теренот и да го испланираат движењето на роботски возила. Ова е особено важно кога станува збор за теренот кој се состои од комбинација на остри карпи и песок, што може да биде проблематично за движењето на возилото.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top