Насловна / Вести / „Македонија на дланка – 360° визуелен водич низ Македонија“

„Македонија на дланка – 360° визуелен водич низ Македонија“

Проектот под наслов „Македонија на дланка – 360° визуелен водич низ Македонија“ е поставен како веб-страна на https://macedoniafromabove.mk.

Идејата за проектот е почната во 2017 година, за година подоца да биде пријавен во Авторска агенција, а официјално е отворен во 2019 година.

Stobi1

Бојан Тренчевски, автор на веб-страната, вели дека досегашната технологија на претставување на туристичкиот потенцијал се сведувала на флаери, брошури, информативни веб-страни, видео пропагадни спотови. „Во ниедно од овие начини на презентација, посетителот нема реален приказ на изгледот, состојбите, пејзажите … кои му се нудат. Посетителот најчесто се чувствува изгубен во просторот и времето. И ако потенцијалниот турист слушнал за некое место, локација, понуда, нема слушнато за другите туристички потенцијали на земјата. И останува зависен од тој што ја направил брошурата или видеото за тоа што да посети или види“, објаснува Тренчевски.

Скопје

Со овој портал, посетителот добива реална слика каде и што може да види, добие и практично кога ќе дојде вистински во посета на локациите ќе се чувствува „како дома“.

Со овој портал, на потенцијалниот турист му се нуди на лесен начин, прво виртуелно да посети некое место, за кое не слушнал и не знаел дека постои, а потоа да го посети реално.

Dojran1

Со овој Портал, посетителот сам бира што ќе види, во зависност од неговите персонални афинитети  – дали е тоа природа, култура, историја, спорт, верски објекти, релаксација и друго… Кои градови или локации сака да ги запознае…

Kuklici

Главни цели на проектот се промоција на туристичките, природните, историските и културните локации за подобро запознавање на истите од домашните и странските туристи.

Galicnik1

Исто така, порталот може да се користи и како образовен, за учениците од основното и средното образование, за предметите географија, историја, општество, религии, уметност, да можат да видат реално како изгледаат градови, села, клисури, езера, реки, музеи, ерхеолошки локалитети, меморијални центри и многу друго – затоа што – во Ковид ситуација – не можат да шетаат.

Ohrid1

На овој сајт можете да „прошетате“ виртуелно низ многу локации, кои се поделени во теми:

–          населени места – градови, села, ски-центри, пикник места

–          природа – реки, клисури, езера, планини

–          историја – музеи, археолошки локалитети, меморијални центри, споменици и други (како Кокино, Куклици, Цоцев камен…)

–          верски објекти – цркви, манастири, џамии

–          уметнички галерии и изложби

–          тестови – за тоа колку ги познавате спомениците во Скопје и уште еден од областа на географија – градови, села, езера и клисури.

veles1

Сите локации се обработени со 360° панорами – од воздух и од земја, кои се поврзани помеѓу себе, со многу дополнителни текст информации, фотографии, видеа и 360° видеа и на 2 јазика македонски и англиски.

За оваа виртуелна прошетка низ Северна Македонија, може да се користат сите апарати кои имаат пристап до интернет како компјутери, таблети, телефони, Smart TV, но и со 360°ВР наочари.

Zaliv na koskite

Во моментов има поставено повеќе од 2.000 панорами.

Сајтот е подготвен и за „виртуелни прошетки со водич во живо“.

Околу 90 отсто од материјалите поставени на сајтот се со сопствена финансиска поддршка.

Црква Климнт охрид

Kokino1

Црква Соборна Ск

PopovaShapka1

Испрати коментар

Scroll To Top