Насловна / Вести / Нов катализатор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Нов катализатор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Научниците од Техничкиот Универзитет во Виена (TU Wien), ги истражувале соединенијата кои би се користеле како катализатори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Откриле дека класата на минералот перовскит кој инаку се употребува за соларни ќелии, претставува аноден материјал и како составен дел на електронските уреди многу погоден за катализатор кој го претвора јаглерод диоксидот во други соедниненија.

TUW1

Најголем недостаток на сите досегашни катализатори е стабилноста. Имено, после извесно време најголем дел од материјалите го губат своето каталитичко дејство. Тимот од Универзитетот преку истражувањето на перовскит, кој се состои од кобалт, железо, калциум и неодиум, покажал дека тој е многу постабилен од другите катализатори. Кога ќе ја изгуби својата каталитичка активност, може да се регенерира со помош на кислород и повторно да се користи. Но, неговиот недостаток е што е поскап од другите, иако научниците веќе работат на замена на неодиумот.

Анализата на виенскиот научен тим покажала дека перовскитот е погоден за повратна реакција на промената вода-гас, односно претворање на јаглерод диоксидот и водородот во вода и јаглерод моноксид. Понатаму јаглерод моноксидот се преработува во метанол, хемиски суровини или гориво. Оваа реакција не е новина, но досега не е применувана во индустријата. Таа се спроведува при високи температури, што доведува до тоа катализаторите брзо да станат неупотребливи.  Оваа технологија би можела да се искористи за претворање на јаглерод диоксидот во други соединенија, онаму каде што има интензивни емисии на јаглерод диоксид, односно во индустриските капацитети.

Der Katalysator hilft, CO2 in andere Substanzen umzuwandeln

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top