Насловна / Вести / Повеќе од еден милион европски домаќинства инсталирале батерии за складирање на електрична енергија

Повеќе од еден милион европски домаќинства инсталирале батерии за складирање на електрична енергија

Здружението SolarPower Europe проценува дека капацитетот на батериите за складирање на електрична енергија од соларните електрани во домаќинствата кои се прозјумери, ќе достигне 9,3 GWh до крајот на 2022 година, додека во 2026 година се очекува и до 44,4 GWh, според податоците од извештајот European Market Outlook For Residential Battery Storage 2022–2026. Овој раст е последица на високите цени на електричната енергија и зголемената употреба на соларната енергија. Имено, домаќинствата се повеќе се одлучуваат да инсталираат заедно фотоволтаици и батерии, па така просечната стапка на овој вид заедничка инсталација пораснала од 23% во 2020 на 27% во 2021 година.

рес1

Германија, најголемиот пазар на батерии за домаќинствата, има и најголема стапка на заедничка инсталација – 80%. Политичките и економските прилики во 2022 година, како и загриженоста за енерегтската сигурност во екот на војната во Украина, доведоа до уште поголема атрактивност на домашното складирање на енергија. Така, пред крајот на годинава, преминат е прагот од 1 милион домови со фотоволтаици и батерија. Меѓу водечките земји со ваков тип на инстлации се и Австрија, Италија и Велика Британија, а до 2026 година значителен напредок се очекува и во Полска и Шведска.

рес2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top