Насловна / Архитектура / Snøhetta проектира Музеј на сексот во Мајами

Snøhetta проектира Музеј на сексот во Мајами

Музејот на сексот во Њујорк деновиве го најави своето проширување во Мајами со објект од 3.000 квадратни метри, кој треба да биде отворен на пролет 2023 година според проект на Snøhetta, меѓународно архитектонско биро со седиште во Осло.

Планирано е постоечката хала да се трансформира, така што ќе содржи три големи изложбени галерии, малопродажен простор и бар каде ќе може да се одржуваат презентации и настани со цел претставување на важноста на човековата сексуалност.

01

Различности и идентитет доловени преку современ дизајн

Со оглед на тоа дека Мајами е познат како разновиден културен епицентар на Соединетите Американски Држави, Музејот на сексот ќе им понуди на локалното население и на туристите нова дестинација која ќе долови различности и идентитет преку современ дизајн.

Новиот објект се наоѓа во округот Алапата, кој е дом на многу јавни уметнички инсталации, како и музејот Rubell, кој содржи една од најголемите приватни колекции на современа уметност во Северна Америка.

„Инаугуративната програма ги реализира амбициите Музејот на сексот да биде форум за размислување за сексот и сексуалноста и да донесе единствена, јавно прифатена и критички фалена културна понуда во Мајами“, изјави за ArchDaily Даниел Глук, извршен директор и основач на Музејот на сексот.

Основан во 2002 година во Њујорк, Музејот на сексот има прикажано повеќе од 40 изложби и покажа како дизајнот игра клучна улога во развојот и изведувањто на изложбите.

2 (1)

Музејот на сексот во Њујорк е отворен во 2002 година

Светски познати дизајнерски фирми како Pentagram Design Inc, Casson Mann и 2×4 помогнале галеријата и историската зграда да се трансформираат во отворен дискурс за сексуалноста.

Зградата на музејот во Њујорк се наоѓа во забавниот поранешен кварт на „црвени светла“ Tenderloin, кој во 19 век бил познат по своите бордели, сали за танцување, театри и салони.

02

Забава, смеа и заедништво

Ен-Рахел Шифман, директорка и сениор архитект во Snøhetta, вели дека соработката помеѓу Музејот на сексот и познатата архитектонска фирма е вкоренета во позитивност и радост.

„Додека се стремевме кон простор што ги зближува луѓето, нашиот тим ја прифати леснотијата и забавата што го карактеризираат Музејот на сексот, работејќи на проширување на оваа перспектива во колекција на ентериери што опфаќаат забава, смеа и заедништво“, рече таа.

Испрати коментар

Scroll To Top