Насловна / Вести / Постојат 450 години: Париз бара улични продавачи на книги

Постојат 450 години: Париз бара улични продавачи на книги

Постојат веќе 450 години, тоа што се гондолиерите за Венеција, за Париз се книжари – антиквари кои продаваат стари книги на зелените тезги покрај бреговите на Сена. Но, во последните три години, избркани се од штрајковите на „жолтите елеци“, а допонителен удар им зададе Ковид -19, па главно ги затворија своите продажни места.

2_resize

Поради назадувањто од ваквиот развој на настаните, париските градски власти распишаа конкурс за нови улични книжари, но се чини дека мака мачат да најдат заинтересирани кандидати, пишуваат француските медиуми.

Трговците со стари книги се дел од наследството на Париз уште од 16 век. Во февруари 2019 година, УНЕСКО ги вклучи во француското нематеријално културно наследство. Ги забавуваат туристите, но и сите љубители на читањето и книгите.

Но, поради кризата предизвикана од пандемијата, многу улични продавачи на книги одлучија да ги затворат своите препознатливи зелени тезги.

3_resize

Проблем поради продажба на книги онлајн

Jerome Callais, кој веќе 30 години е претседател на Здружението на париски улични продавачи на книги, смета дека проблемот е и во растот на онлајн продажбата на книги.

„Амазон, многу онлајн книжарници, луѓето можат да „симнат“ некои дела од Интернет…, сето тоа ни штети, луѓето помалку читаат и помалку доаѓаат кај нас“, изјави за Radio France.

0_resize

Градските власти одлучија да распишат конкурс за нови книжари, кој ќе биде отворен до 18. февруари 2022. Договорот вообичаено се потпишува на две години.

„Во последните две години и само три месеци пред затворањето на конкурсот, добивме само 12 апликации“, вели Callais, додавајќи дека порано имало меѓу шеесет и стотина годишно.

1_resize

Поради тоа ја замоли градската управа да направи поголем публицитет за повикот на тендерот.

„Постоиме веќе 450 години и нема само така да исчезнеме! Уличните продавачи на книги за Париз се она што се гондолиерите за Венеција и едното без другото не може да се замисли “, додава Callais.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top