Насловна / Вести / Руски фотограф фотографирал поларни мечки во напуштени згради

Руски фотограф фотографирал поларни мечки во напуштени згради

Поларните мечки, како најголем постоечки вид мечки, како и најголеми копнени месојади, се навистина волшебни суштества. Сепак, повеќето од нас се навикнати да ги гледаат опкружени со снег на замрзнатите води на Арктикот.

5_resize

Токму затоа e изненадување што рускиот фотограф Дмитриј Кох успеал да ги фотографира овие големи животни во напуштена метеоролошка станица на островот Коључин во Чукотското море. Станицата е изградена во 1934 година, а затворена во 1992 година. Сосема е невообичаено да се видат поларни мечки како шетаат во нешто што изгледа како постапокалиптична земја.

2_resize

3_resize

„Отсекогаш сакав да направам убави снимки од поларни мечки и тоа беше главната цел на нашата експедиција. Очекувавме воглавном да ги сретнеме на островот Врангел, познат ширум светот по тоа што е дом на многу мечки. Не оваа година, како што дознавме подоцна – можеби поради многу студеното лето. Но, природата секогаш ви испраќа нешто кога најмалку го очекувате – кога поминавме покрај островот Коључин во близина на северниот брег на Чукотка, видовме некое движење на напуштените прозорци. А кога се приближивме – тоа беа мечки! Никогаш порано не биле видени во тие згради, така што тоа беше ситуација што се случува еднаш во животот“, изјави фотографот.

1_resize

4_resize

6_resize

7_resize

8_resize

9_resize

10_resize

11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top