Насловна / Вести / Отворен е повикот за EUSEW наградите за 2022 година

Отворен е повикот за EUSEW наградите за 2022 година

Европските награди за одржлива енергија (EUSEW), имаат за цел да ги препознаат и истакнат поединците и иницијативите кои продонесуваат за европската транзиција кон чиста енергија и дигитализација во енергетиката. EUSEW наградите с еотворени за широк спектар на трудови и иновации од земјите на ЕУ или Европскиот економски простор. Тука спаѓаат проекти наменети за индустријата, како и локални иницијативи и поединци кои им помагаат на граѓаните, економијата или јавниот сектор, во работата на постигнувањето на целите од Европскиот зелен договор. На конкурсот можат да се пријават неодамна завршени или тековни проекти и активности, како и индивидуални и колективни агенции од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

eusew1

eusew2

Заинтересираните можат директно да се приијават или да номинираат некого во следните четири категории – иновации, локални енергетски транзиции, жени во енергетиката и пионерски постигнувања ан младите во енергетиката. Повикот е отворен до 14-ти април. Финалистите ќе бидат избрани од страна на стручно жири, а победниците ќе бидат избрани преку јавно гласање по пат на интернет, кое ќе се одржи на крајот на август. Резултатите ќе бидат објавени во текот на церемонијата на доделување на наградите на 26-ти септември 2022 година.

eusew3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top