Насловна / Вести / Поради енергетската криза, Европа ги враќа во игра термоелектраните на јаглен

Поради енергетската криза, Европа ги враќа во игра термоелектраните на јаглен

Со ескалацијата на енергетската криза минатата есен, високите цени на гасот веќе ги примораа производителите на електрична енергија да ги стартуваат повторно термоцентралите на јаглен кои беа држени во резерва, што секако негативно влијае врз квалитетот на воздухот. Поради војната во Украина, ЕУ објави план мерки со цел до крајот на годинава побарувачката на руски гас биде намалена за две третини, а најдоцна до 2030 година ЕУ да биде целосно независна од фосилните горива на Русија. Претседателката на Европската Комисија Ursula von der Leyen, изјавила дека главната цел треба да се помести за 2027 година, што подразбира привремено повторно потпирање на јагленот. Германија веќе најави дека ќе работи на создавање стратешки резерви на јаглен. ЕУ најави дека рускиот гас делумно ќе се замени со течен природен гас (ТПГ) од други извори. За сите мерки во подготовка, потребно е поголемо вложување во инфраструктурата.

A coal-fired power plant in Mannheim, Germany, Oct. 28, 2018. (Gordon Welters/The New York Times)

coal2

Доколку ЕУ, нејзините земји членки и индустријата, инвестираат во секторот фосилни горива со цел да ја прекинат потребата од енергенти од Русија, тоа сигурно лошо ќе се одрази врз процесите на декарбонизација и енергетска транзиција. Европската Комисија исто така посочува дека ќе ја забрза имплементацијата на мерки за енергетска ефикасност и воведување на енергија од обновливи извори, како и зелен водород, но тешко е да се поверува дека истовремено е можно да се дава приоритет на зелената енергија од една страна, и на јагленот и ТПГ од друга страна. Освен тоа, со поголемата употреба на јагленот, ќе се зголеми трошокот за емисии на CO2, што ќе ги зголеми цените на електричната енергија за домаќинствата и компаниите. Актуелната енергетска криза и последиците од војната во Украина врз економијата, ја влошуваат веќе растечката инфлација, што ги намалува можностите за вложувања во енергетиката. Огромниот план за опоравување од пандемијата, Next Generation EU, вреден 750 милијарди евра, и самиот е донесен како вонреден. Прашањето е дали водството на ЕУ и земјите членки, можат да најдат средства за овие најнови амбиции.

coal3

Асоцијациите на компаниите од областа на обновливите извори на енергија и меѓународните организации, предупредуваат дека стапката на инвестирање во зелената енергетика и натаму е прениска за постигнување на целта на ЕУ за целосна декарбонизација до 2050 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top