Насловна / Вести / Одгледувачите на ирваси ги победија ветерните електрани: Ќе мора да бидат отстранети 151 турбини?

Одгледувачите на ирваси ги победија ветерните електрани: Ќе мора да бидат отстранети 151 турбини?

Норвешкиот Врховен суд пресудил дека две ветерни електрани во западниот дел на земјата ги кршат првата на лапонските одгледувачи на ирваси, бидејќи влегуваат во пасиштата. Адвокатите на лапонските сточари велат дека тоа значи отстранување на 151 турбина, чие поставување на полуостровот Фосен е завршено во 2020 година, и кои се дел од најголемиот енергетски парк на копнени ветерни елкетрани во Европа. Врховниот суд оценил дека со издавањето на дозволата за користење на земјиштето и за инсталирање на споменатите турбини, прекршена е Меѓународната конвенција за граѓанските и политичките права. „Во земјите во кои живеат етнички, верски и јазички малцинства, на нивните припадници не смее да им се ускрати правото да ја негуваат својата култура, да ја практикуваат својата вера и да го користат својот јазик“, пишува во член 27 од оваа Конвенција.

Одгледувањето на ирваси со кои Лапонците се занимаваат од памтивек, е облик на заштитена културна праксa, оценил највисокиот суд во Норвешка. Лапонците живеат на северот на Шведска, Финска, Норвешка и Русија.

irvasi2

irvasi1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top