Насловна / Вести / Албанија прогласи вонредна ситуација во енергетиката, поради енергетската криза

Албанија прогласи вонредна ситуација во енергетиката, поради енергетската криза

Поради драматичниот скок на цената нa електричната енергија, Албанија прогласи вонредна ситуација во енергетиката и вети 200 милиони евра за државната електродистрибуција OSHEE, како и други мерки за заштита на домаќинствата и малите компании.

albania3

Во својот  одговор на енергетската криза, Албанија ќе се погрижи за стабилно снабдување со електрична енергија и за заштита на домаќинствата и малите фирми од моменталниот налет на цените. Според интервентниот план, после прогласување на вонредна ситуација во енергетиката, на компаниите од електроенергетскиот сектор ќе им биде наложено привремено да ги прекинат инвестициите и да се ориентираат на снабдувањето, а Министерството за финансии и економија ќе развие механизам за управување со увозот на електрична енергија. Албанија речиси целосно зависи од хидроцентрали, а нема ниту реверзибилни хидроелектрани за складирање на вишоците. Интервентните мерки планирано е да се спроведуваат до средината нa пролетта, но не е отфрлена можноста за дополнителна поддршка во случај на непредвидени околности.

albania2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top