Насловна / Вести / Од 27-ми мај до 3-ти јуни, во Виена повторно еден од најголемите стартап настани во централна Европа – ViennaUP

Од 27-ми мај до 3-ти јуни, во Виена повторно еден од најголемите стартап настани во централна Европа – ViennaUP

Во Виена, од 27-ми мај до 3-ти јуни, по втор пат ќе се одржи најголемиот стартап настан во централна Европа – фестивалот ViennaUP. Овој фестивал е наменет за стартаповите, инвеститорите, технолошките ентузијасти, визионерите, но и сите оние кои се заинтересирани за темата паметни градови. Откако минатата година настанот е одржан исклучиво во дигитален формат, овогодишниот ViennaUP ќе биде организиран во хибриден формат.

smartcity1

Паметните градови, креативните индустрии и fintech, се само некои од точките на овогодишниот ViennaUP фестивал со над 30 настани, вклучувајќи конференции, вмрежување, работилници и предавања. Програмата се отвора со хакатонот Sustainable Blockchain на кој програмерите, дизајнерите но и другите заинтресирани ќе имаат можност да креираат револуционерни апликации и да освојат вредни награди. Во склоп на фестивалот, на 30-ти и на 31-ви мај, ќе биде одржан Smart City Summit, кој ќе ги третира предизвиците при создавањето на паметните градови. Градот Виена, виенските комунални претпријатија, Aspern Smart City Research и Стопанската агенција на Виена, ги повикуваат заинтресираните на дијалог за создавање на градови на иднината.

smartcity2

Smart City Summit во хибриден формат ќе опфаќа предавања и работилници, а фокусот ќе биде на теми како што се климатската неутралност, иновации, партиципативност, инклузивен град без бариери и град со кратки растојанија. За учество не е потребна котизација, а сите заинтресирани може да се регистрираат ОВДЕ. 

smartcity3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top