Насловна / Вести / Црна Гора бара стратешки партнер за своето електростопанство

Црна Гора бара стратешки партнер за своето електростопанство

Црногорската Влада донесе одлука за формирање преговарачки тим преку тамошното Министерство за капитални инвестиции, со задача пронаоѓање на стратешки партнер кому ќе му бидат продадени 10% од акциите на црногорското електростопанство (Elektroprivrede Crne Gore – EPCG). Продажбата на овие акции е обврска која се провлекува од деловните односи од минатото со компанијата А2А.  Во EPCG, државата е сопственик на 88,65% од акциите, а од јуни 2019 година има 98% од управувачките права. Претходно, односно во 2017 година, од сопственост во EPCG излезе италијанската A2A, така што државата ги откупи акциите за цена од 225 милиони евра. Во 2009 година, компанијата A2A за 436 милиони евра купи 41,75% од акциите на EPCG.

епцг1

EPCG ќе му продаде 10% од акциите на стратешкиот партнер до 30 јули, до кога треба да биде изработен елаборат за вредноста на компанијата. Иако црногорското електростопанство има амбициозни планови за развој на енергија од обновливи извори, првенствено од ветер и Сонце, во јавноста се појавија критики во врска со најавената продажба на акции, имајќи го предвид претходното искуство со приватизацијата на оваа компанија. Уште минатата година, Владата изрази јасен став дека EPCG не треба да се приватизира.
епцг2

Испрати коментар

Scroll To Top