Насловна / Вести / Од 2030 година, во Европа Peugeot ќе продава само електрични автомобили

Од 2030 година, во Европа Peugeot ќе продава само електрични автомобили

И компанијата  Peugeot се приклучи на неколкумината национални автомобилски компании кои од наредната деценија на европските пазари веќе нема да нудат автомобили кои се погонувани од мотори со внатрешно согорување.  Според последните планови, Европа ќе биде првата станица на патот на компанијата кон целосна електрификација, бидејќи во францускиот производител под закрила на групацијата Stellantis објавија дека од 2030 година ќе нудат само електрични автомобили. Производството на модели со мотори со внатрешно согорување ќе продолжи и после овој рок, но тие ќе се продаваат само на пазарите надвор од Европа.

peugeot1

На купувачите во Европа, Peugeot веќе нуди електрични верзии на моделите 208 и 2008, а понудата од 2023 година ќе биде проширена со моделот 308, по што ќе следува и електрична верзија на наредната генерација на crossover 3008.

peugeot2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top