Насловна / Арт и дизајн / Масата REK погодна за мали станови

Масата REK погодна за мали станови

REK е клуб маса која лесно се прилагодува на потребите и желбите на корисниците. Кога имате гости, можете едноставно да ја проширите масата како што ви одговара. Двата средни дела се извлекуваат во различни насоки. Холандскиот дизајнер Reinier de Jong, дизајнирање на масата како најголема предност ја истакна неговата приспособливост на различни ситуации во кои може да се користи.

2 1

Можностите се бескрајни, бидејќи деловите можат да се извлекуваат независно еден од друг. Благодарение на вградените куки, лизгачките делови можат безбедно да се извлечат. Во различни варијанти, масата е изработена од дабово дрво, орев или дрво од јасен, додека во четвртата верзија е изработена од црна и бела HPL плоча. Димензиите на масата варираат. Кога е псклопена, димензии се помеѓу 60 и 80 сантиметри. Максималната должина е 170 сантиметри, а максималната ширина е 130 сантиметри. Поради изобилството на варијации, кога се во прашање димензиите, оваа маса е погодна за мали станови.

3 4 5 6 7 8

Испрати коментар

Scroll To Top