Насловна / Архитектура / Куќа во Финска – целиот живот на едно место

Куќа во Финска – целиот живот на едно место

Куќата Apelle првенствено е изградена за да биде дел од природата. Околната шума ја претвора во засолниште за потребите на едно современо семејство со модерни навики. Куќата е во шума исто колку што е и шумата во куќата – архитектурата ја презема улогата на посредник меѓу современиот човек и природата.

5

1

Оваа семејна куќа во финскиот град Карја ја проектирало бирото Casagrande Laboratory. Веќе на прв поглед изгледа како брод закотвен на пристаниште. Целосно ненаметлива во амбиентот, со непретенциозен дизајн, оваа зграда е потопена во пејзажот на едноставен и природен начин. Животот што се одвива во неа е специфичен по тоа што е нагласено единствен, што ги сублимира сите животни функции на едно место, што е прилагодлив и слободен – без конформистички стеги и почитување на нормите на класичната архитектура. Под покривот на оваа куќа се дружи, работи, јаде и спие, во еден здив и во една соба.

3

2

Внатрешниот простор на куќата е изразито лонгитудинален и непрекинат – тоа е флуид што се разлева со движење низ куќата за да се удави во шумата на крајот од таа оска. На оваа траса се нижат јавни и приватни сегменти, и тоа така што просторот се користи за различни намени во зависност од моментот – дење или ноќе. Така, во делот на ентериерот кој традиционално се користи за јадење, може да се спие, а дневната соба, по правило, центар на семејно дружење, пружа погодности за студиска работа, па дури и за фитнес тренинзи. Ваков мултифункционален простор влече свои корени од т.н ’tupi’ или ’pirtti’, дрвени колиби типични за традиционалната финска архитектура.

10

9

Со вака обединети животни функции на жителите и намените на просторот, ентериерот шармира со својата поливалентност и духовитост. Слична духовитост има и надвор, на фасадата, каде што се чита симболот на брод закотвен на копно, среде шума. Асоцијацијата на брод се создава со кружни прозорци, како и бродскиот под во внатрешноста на куќата. Фасадата е целосно бела, а во зимскиот дел од годината се претопува со снежниот амбиент. Обликувана е со различни групи прозорци – кружни, квадратни, линеарни, кои се клучни за дешифрирање на функционалната организација на ентериерот.

4

Објектот Apelle е добро изолирана со материјал на база на дрво. Во текот на долгата и јака зима се загрева геотермално и од два други извори на топлина, печка и камин. Печката во спалната соба, висока и снежно бела како бродски јарболи на палуба, го одвојува просторот со креветот од останатиот дел од просторијата. Масивниот камин од црна тула во дневната соба е единствениот детал во внатрешноста што не е бел. Однадвор гледано, тој е уште еден наутички симбол. Изгледа како оџак, а куќата покрај него на пароброд.

14

11

Спалната соба е осмислено поврзана со кујната со тоа што има пристап до чардак за спиење – лежај направен на врвот на висечката кујна. Вкупната површина на куќата од 140 квадратни метри е искористена максимално штедливо и функционално. Куќата е облеана во светлина, ентериерот е речиси целосно бел, а сето тоа со ефектно користење на огледала создава оптичка илузија на поголем обем на простор. Мебелот и опремата се едноставни, минималистички, малубројни, а просторот е растеретен од секој излишен детал.

8

7

16

15

13

17

 

Испрати коментар

Scroll To Top