Насловна / Вести / Од 2023 година, Австрија ги забранува котлите на гас во новите згради

Од 2023 година, Австрија ги забранува котлите на гас во новите згради

Во Австрија на греење се троши една четвртина од вкупната потрошувачка на природен гас, и се трошат сериозни средства за увоз на овој енергент. Затоа, амандманите во Законот за греење од обновливи извори предвидуваат запирање на греењето на гас во новите згради веќе од 2023 година. Според сеуште актуелниот закон, оваа технологија требаше да се забрани од 2025 година. Доколку постоечки котел на фосилно гориво се расипе, ќе мора да биде заменет со систем на обновливи извори, а најдоцна до 2035 сите ќе мора да бидат заменети. Секој кој ќе се префрли на систем за греење со обновливи извори, има право на помош од 7.500 евра од централната влада. Покраините даваат дополнителни субвенции. Сиромашните домаќинства може да добијат неповратни средства за покривање на целиот трошок за замената.

gas1

Австрија планира веќе во 2040 година да стане климатски неутрална. Во меѓувреме, таа држава сака целокупното производство на енергија најдоцна до 2030 година да биде префрлено на обновливи извори. Последната термоелектрана на јаглен во земјата е префрлена во резерва уште пред две години.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top