Насловна / Архитектура / Објавени се победниците на eVolo Skyscraper Competition

Објавени се победниците на eVolo Skyscraper Competition

Објавени се победниците на овогодишното eVolo натпреварување за проектни решенија за облакодери  (eVolo Skyscraper Competition). Покрај кули за контрола на климата и облакодери отпорни на цунами, како и кула за производство на храна, на натпреварувањето се презентирани бројни револуционерни идеи во дизајнот, со динамички форми и примена на нови технологии. Треба да се истакне дека eVolo натпреварот за облакодери не се занимава толку со проекти кои реално би биле изградени, туку се фокусира на истакнувањето на интересни идеи. Не постои официјална главна тема, меѓутоа оваа година забележлива е сеприсутноста на климатските промени во дизајнот, но и влијанието на пандемијата од ковид 19, врз неколку од проектните идеи. Од пристигнатите 427 проекти, жирито освен што избра тројца победници, пофали 20 апликации.

Првото место му припадна на Climate Control Skyscraper, дело на јужнокорејскиот тим составен од Kim Gyeong Jeung, Min Yeong Gi и Yu Sang Gu. Со необичен футуристички сложен облик, идејата на овој дизајн е издигнување на одреден број облакодери над океанот во близина на брегот. Кулите потоа би се користеле за претворање на морската вода во дождовни облаци, што за возврат би ги поттикнало врнежите и би им помогнало на блиските подрачја кои страдаат од суши.

evolo1

Второто место го освои облакодерот Tsunami Park Skyscraper, од авторите од Кина, Wang Jue, Zhang Qian, Zhang Changsheng, Li Muchun и Xu Jing. Овој интересен идеен проект би бил изграден на брегот на Тонга, со цел да се заштити теренот од цунами. Во нормални услови, луѓето би живееле во објектот и околу него, со простори помеѓу бетонските столбови кои се домаќини на плимниот риболов. Но, кога ќе удри цунами, неговиот облик, заедно со големите цистерни за вода, ќе помогне во намалување на силата на цунамито, чувајќи ги копнените заедници на безбедно.

evolo2

Третото место го зазеде New Spring Agro-ecological Skyscraper, дизајниран од страна на Michał Spólnik и Marcin Kitala од Австрија и Полска. Проектот на овој авторски пар предвидува главно дрвен облакодер кој потсетува на тенка борова шишарка која стои вертикално. Би се користел за ублажување на глобалната криза во производството на храна, со зголемување на бројот на одгледувани култури.

evolo4

 

Испрати коментар

Scroll To Top