Насловна / Вести / Загадувањето на воздухот годишно убива 9 милиони луѓе

Загадувањето на воздухот годишно убива 9 милиони луѓе

Влијанието на загадувањето врз глобалното здравје сеуште е многу посериозно од влијанието на војните, тероризмот, маларијата, сидата, туберкулозата, дрогата и алкохолот. Според најновиот глобален извештај, загадувањето на воздухот годишно резултира со предвремена смрт на речиси 9 милиони луѓе, а стручњаците предупредуваат дека расте бројот на оние кои умираат од последици на труења со олово. Загадувањето на воздухот, водите и почвата кое го предизвикува човекот, ретко предизвикува смрт веднаш. Најчесто во подолг временски период е причинител за развој на срцеви болести, рак, респираторни проблеми и други форми на тешки болести.

Le Monde

pollution2

Комбинацијата од загадувањето кое потекнува од индустриските процеси и урбанизацијата, резултира со пораст на вкупните смртни случаи предизвикани од загадувањето за 7% во периодот од 2015 до 2019 година. Ова е заклучокот од студијата Global Burden of Disease објавена во Lancet Planetary Health, која ја проценува вкупната изложеност на загадување и го пресметува ризикот од смртноста. Според авторите на оваа студија, влијанието на загадувањето врз глобалното здравје е „сеуште многу поголемо од негативните влијанија навојните, тероризмот, маларијата, сидата, туберкулозата, дрогата и алкохолот.“ Загадувањето на воздухот претставува „егзистенцијална закана за човековото здравје и ја загрозува одржливоста на модерните општества“, стои во анализата.

pollution3

pollution4

Секоја шеста предвремена смрт во светот, е последица од загадувањето на воздухот. Притоа, во пораст се предвремени смртни исходи поврзани со индустријализацијата, хемиското загадување и загадувањето на надворешниот воздух, особено во јужна и источна Азија. Анализата поконкретно се занимава и со причините за загадувањето и ги раздвојува традиционалните загадувачи, како чадот од печки во затворени простори или канализацискиот отпад од модерните загадувачи, како што се индустриското загадување на воздухот и отровните хемикалии. Хемиското загадување е во пораст, а само труењето со олово е причина за 900.000 смртни случаи годишно, или 10% од вкупниот број на жртви на загадувањето.  Смртноста од традиционалните загдувачи глобално бележи пад, но останува голем проблем во некои земји во Африка. Од друга страна, бројот на смртни случаи чија причина е изложеноста на модерните загадувачи, како што се тешките метали, земјоделските хемикалии и емисиите од фосилните горива, бележат „раст до небо“, и од 2000 година имаат раст од 66%.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top