Насловна / Вести / Нов вид тула, направена од комунален отпад

Нов вид тула, направена од комунален отпад

Архитектонските студија Carmody Groarke и TRANS Architectuur Stedenbouw заедно со научници кои истражуваат можности за нови одржливи градежни материјали, создадоа нов вид тула која ќе го намали загадувањето на животната средина, а веќе е планирано и нејзино користење за изградба на новото крило на Музејот за дизајн во Гент. Имено, во соработка со стручњаците за циркуларна економија од  Local Works Studio и производителот на материјали  BC Materials, создадена  е тулата наречена Gent Waste Brick. Таа содржи само една третина од јаглеродот во однос на стандардните глинени тули во Белгија.

gent1

gent2

 

Направена е од рециклиран комунален отпад од локалниот центар за рециклажа на бетон и стакло, додаден е песок, па сето тоа е поврзано со вар и мелен калциум карбонат. Вака направените тули се оставаат две недели во влажно опкружување, а потоа се сушат на воздух наместо да се печат, со што се намалува количината на енергија потребна за производство. Gent Waste Brick има бледо сива боја ускладена со локалните згради и добила сертификат за употреба во септември 2022 година. Ќе се користи за фасадата на Музејот за дизајн, кој меѓу другото организира и работилници на кои локалното население активно учествува во правењето тули. Carmody Groarke истакнува дека тулите ќе се произведуваат на „браунфилд“ локалција во Гент, користејќи едноставен и чист производен процес, без емисија на стакленички гасови, нуспроизводи или отпад.

gent3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top