Насловна / Вести / Словенија најави инвестиции од 3,5 милијарди евра во електродистрибутивната мрежа

Словенија најави инвестиции од 3,5 милијарди евра во електродистрибутивната мрежа

Словенија најави инвестиции од 3,5 милијарди евра во електродистрибутивниот систем во наредните десет години, со цел надминување на предизвиците од енергетската транзиција. Овие инвестиции се опфатени со развојниот план за периодот од 2023 до 2032 година, кој неодамна доби зелено светло од Агенцијата за енергетика. Имено, Планот за развој на електродистрибутивната мрежа во периодот од 2023 до 2032 година, треба да одговори на предизвиците кои ги носи декарбонизацијата и децентрализацијата на производството на енергија. Документот предвидува зголемување на капацитетот и отпорноста, како и унапредување и користење на флексибилноста на изворите, односно оптоварување на мрежата во согласност со одржливите потреби на корисниците.

Electricity,Or,Electrical,Maintenance,Service,,Electrician,Hand,Checking,Electric,Current

Најголем дел од средствата, односно 72% е предвиден за инвестиции во нисконапонската и среднонапонската мрежа. Се планира зголемување на уделот на подземни среднонапонски водови од сегашните 38 на 60%, како и зголемување на вкупниот удел на нисконапонски и среднонапонски подземни водови од сегашните 53 на 71%. Моменталниот притисок од обновливите енергетски извори и тоа посебно од фотонапонските системи, открил бројни слабости во мрежата, па многу домаќинства долго чекаат на обобрение за поврзување на мрежа. Неодамна Словенија го укина надоместокот за мрежата, со цел намалување на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи и ублажување на кризата. Минатото лето, словенечкиот премиер Роберт Голоб најави дека електроенергетскиот систем до 2025 година треба да се подготви за приклучување на соларни електрани со вкупна моќност од 1.000MW.

High-voltage,Power,Lines.,Electricity,Distribution,Station.,High,Voltage,Electric,Transmission

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top